Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност и температура до 21. степени

Охрид, 7. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 21. степени.

– Денес во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Потоа во следните три дена под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава во попладневните часови ќе има пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер. Во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука