Министерството за образование и наука информира дека на www.mon.gov.mk е објавен јавен повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, што подразбира добивање на месечен паричен надоместок од околу 2400 денари за 9 месеци во годината.
Рокот за пријавување за тековните студенти е од 25 ноември до 3 декември 2022 година.
Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/, а на повикот можат да се пријават сите редовни студенти на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи, кои се државјани на Република Северна Македонија.
Притоа, апликантите треба да ги исполнуваат и следните услови:
-да не се во редовен работен однос;
-да не се регистрирани како индивидуални земјоделци и
-да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година.
Годинава како што инФормираат од МОН, исплатата ќе се реализира ретроактивно за периодот од 15 септември.
Финансиската поддршка во износ од 120 денари за секој работен ден во месецот, освен за државни, верски празници и неработни денови, не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 14 септември.