Денес навршуваат 42 години од смртта на великанот Ацо Шопов

Денеска со положување свежо цвеќе пред споменикот на Ацо Шопов во Штип, беа одбележани 42 години од неговата смрт. Тој бил карактеристичен по тоа што бил изразит лиричар кој со своето творење го одбележува почетокот на субјективната, интимната лирика во современата македонска книжевност. Има објавено збирки поезија, но и активно преведувал претежно од југословенски автори, но и дела од Шекспир, Корнеј, Крилов.

„Учестувал во ослободувањето на младинската организација, држи разни предавања по градовите и селата, учествува во уредувањето на повеќе списанија, напрдната литература: „Нов ден“, „Иднина“, „Современост“, „Хоризнот.“ Бил претседател на Друштвото на писателите во Македонија од неговото основање во 1947 година . Заминувањето на Ацо Шопов не е само на поет од светски рамки со раскошна и богата креативна енергија, не е само помисла на револуционер, прогресен и човечки амбасадор, академик, работник, но и наш сограѓанин и гордост.„

Карактеристично за него е дека и покрај тоа што бил врвен поет, академик, бил и активен револуционер во народноослободителната и антифашистичка борба на Македонија во периодот од 1941 до 1945година.

„Ацо Шопов е учесник во народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија од 1941 до 1945година, и се наредува до врвот на борците кои ја водеа четири годишната, кои издвојуваа победа над фашизмот и создадоа држава Република Македонија.“ изјави Петар Мицевски претседател на сојузот на борци -Штип

На настанот беа присутни претставници од локалната самоуправа , политички партии, делегации, здруженија, и пријатели кои на соодветен начин оддадоа почит на великанот Шопов.

Лаура Стојанова М-Нет