Сите мечеви од Квоти на ден се најава дека треба да се игра на голови

Интересни комбинации нудат денешните пет предлози во Квоти на ден во Sport Life, кои ако ги одиграте заедно ќе добиете вкупен коефициент од 40.24.

Штутгарт е домаќин на Борусија Менхенгладбах и тука треба да има барем два гола во првото полувреме и да заврши со 4+ погодоци на крајот за да биде добитна комбинацијата која се вреднува со 1.95.

Баер Леверкузен е апсолутен фаворит против Аугсбург и уште во првото полувреме домаќинот треба да ги реши сите дилеми околу победникот во пресметка на која треба да има најмалку три погодоци. Квотата за оваа комбинација е точно два.

Борусија на свој терен во Дортмунд треба да постигнува голови против Дармштат. Финалистот во Лигата на шампиони треба да погоди најмалку еднаш во првото полувреме и два пати во вториот дел, за квотата од 2.15 да биде добитна.

Аталанта гостува кај Лече и тимот од Бергамо се очекува да постигне барем еден погодок во првото полувреме, а на крајот да има најмалку два погодоци во мрежата на домаќините, што носи коефициент од 2.40.

Бешикташ дома ќе слави во дуелот со Хатајспор и тоа во дуел на кој треба да бидат постигнати од два до пет гола. Оваа комбинација е со квота од точно два.

- Оглас -

Најнови вести