Како консумеризмот ја уништува планетата и вашите лични финансии

Капитализмот e консумеризам!… или не е? Одговорот зависи од вас!

Да не постоел капитализмот денес би немале компјутери и алатки кои сите ги користиме за работа, ќе немаше интернет и сите технолошки постигнувања кои се родени од неуморната трка по иновации и доминација на пазарот.

Но, темната страна на капитализмот ја уништува планетата и вас самите, погледнете како и зошто.

Сепак, без капитализмот и личноста која го сними видеово немаше да има канал на Youtube (ниту ќе можеше да живее од него), ќе немаше професионален микрофон, камера, компјутер, софтвер за едитирање видеа итн.

Консумеризмот е дел од тој систем, и иако живееме во мала и релативно сиромашна земја и ние сме консумеристи. Купуваме повеќе отколку што ни треба и фрламе повеќе отколку што би требало. Што можеме да направиме за да ја зачуваме планетата и себеси? Потребно е да препознаеме кога имаме доволно и да не бидеме алчни или постојано во потрага по „новите парчиња“ модни додатоци, технологија, мебел, автомобили итн.

Во стариот систем во кој живееше нашата држава бевме задоволни со тоа што го имавме и не баравме повеќе. Во самопослугите (тогашните маркети) немаше стотици брендови од еден производ, туку само еден. Изборот беше ограничен, а и нашите апетити. Среќата ја баравме во дружење и споделување искуства, наместо во поседување предмети и купување. Сепак, невозможно е да се бара таков свет во денешнината во која перцепцијата и начинот на живот е сменет од корен.

Сепак, можеме да вежбаме скромност, воздржаност и промисленост, зашто секоја непромисленост, компулсивност и алчност може да ја чини планетата и нашиот џеб двојно повеќе.

Тоа е значаен муабет, особено во пресрет на Black Friday, најголемиот празник на консумеризмот, и потребно е да се потсетиме на овие нешта. Во меѓувреме посетете ја групата „Дај, не фрлај“ која е отворена како контрапункт на овој празник и на се она што тој го претставува.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *