Аталанта „прокоцка“ победа над Верона и се оддалечи од место во ЛШ (ВИДЕО)

Аталанта и со предност од 2-0 по првиот дел, не дојде до победа над Верона на домашен терен, и со тоа прокоцка важен триумф. Со ова реми се чини дека Аталанта прокоцка шанса да се пласира и во Лигата на шампионите следната сезона, со оглед дека заостанува сега осум бодови од Болоња која е на четвртата позиција.

Одличен почеток имаше тимот на Аталанта, и преку Скамака и Едерсон дојде до предност од 2-0 по само 18 минути игра. Скамака постигна прекрасен гол. И кога се чинеше дека ја има контролата на резултатот, брзи два гола на Верона за целосно враќање во мечот. Лазовиќ во 56. минута и Нослин во 60. минута му носат израмнување на Верона, и важен бод во битката за опстанокот.

Претходно Фиорентина и Џенова одиграа 1-1 на Артемио Франки.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...