Нејзините бујни гради веќе не се во преден план: Еден детаљ на фустанот „боде“ во очи 

Манекенката Емили Ратајковски (32) неодамна присуствуваше на настанот „The King’s Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избра смел тоалет.

Како што можете да видите од фотографиите од таа вечер, еден од најбараните модели на денешницата облече свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих, но не и на социјалните мрежи…

Имено, голем број љубители на ликот и делото на манекенката забележале „мала“ грешка во начинот на кроење на фустанот. Судејќи според коментарите на Екс (поранешен Твитер), во предниот дел се гледал шевот на креацијата, која требало да биде на задниот дел од тоалетот.

Една „мала“ грешка налути многу корисници на горенаведената социјална мрежа, а коментарите се наредени под објавената фотографија.

„Ова е неприфатливо“, „Би одбил да го носам тоа“, „Целиот фустан е катастрофа“, „Ќе претпоставам дека ова е направено намерно, бидејќи остатокот од фустанот е совршен“, беа само дел од коментари…