Хумел се премисли: Не оди во пензија, ќе остане во Дортмунд уште најмалку една сезона

И покрај шпекулациите дека Матс Хумелс на крајот на сезоната ќе замине во пензија, сепак, тоа нема да се случи. Последните одлични настапи на ветеранот, особено во Лигата на шампионите, ќе му донесат нов договор.

Според германските медиуми, се е веќе договорено, и само се очекува официјализација на соработката. Хумелс ги мина најдобрите денови од кариерата во Борусија, а потоа кратко се пресели во Баерн, но потоа одново се врати во Дортмунд. Пред неколку дена го одигра својот 500-ти меч во дресот на „милионерите“.

За очекување е по стапките на Хумелс да тргне и Марко Ројс. Ројс во моментов е нездоволен од статусот со оглед дека има мала минутажа, а има и несогласлувања со тренерот Терзиќ. Но, сето тоа се очекува да биде надминато и легендарниот фудбалер да остане и следната сезона во Дортмунд.

Се вчитува...