Македонија Се повика на Бадинтер

Османи: Треба да ви нацртам на табла? Нема влада без ДУИ!

„Рамковниот договор има механизам за заштита на немнозинските заедници, а не е создаден заради мнозинската заедница. И затоа, покрај 61 пратеник како мнозинство, се бара и бадентерово мнозинство. Оттука се јалови сите обиди да се потцени волјата на немнозинското население“, рече Османи.

Османи: Треба да ви нацртам на табла? Нема влада без ДУИ!

„Од Охридскиот договор произлегуваат две мнозинства, 61 како апсолутно мнозинство и мнозинство по Бадентер. Тоа обезбедува владина стабилност, но за жал некои го истакнуваат само мнозинството од 61 пратеник и тоа е закана и за славното востание од 2001 година“, одговори потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи на новинарско прашање: „Со кого Европскиот фронт ќе влегува во владина коалиција кога ДУИ и за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ не е посакуван партнер.

На потсетувањето дека по претходните парламентарни избори ДУИ влезе во влада со СДСМ иако таа партија не победи, со што беше нарушено правилото „победник со победник“, Османи одговори дека повторно не се разбира суштината.

„Рамковниот договор има механизам за заштита на немнозинските заедници, а не е создаден заради мнозинската заедница. И затоа, покрај 61 пратеник како мнозинство, се бара и бадентерово мнозинство. Оттука се јалови сите обиди да се потцени волјата на немнозинското население“, рече Османи.

„Што доколку некој формира влада без ДУИ, обезбедувајќи 61 пратеник, што тогаш?“, доби ново прашање Османи.

„Тоа е веќе навредливо прашање, затоа што без двојно мнозинство, според Рамковниот договор не може да има функционално Собрание и Влада и не се однесува само за Албанците, туку за сите немнозински заедници“, рече Османи според кого изборите ќе бидат референдум за соживот.

„Тоа во ниеден закон не го пишува, туку се вели дека тој што има мнозинство пратеници, составува влада“, му беше поставено како реплика ново прашање на Османи.

„Дали треба да земам табла и да нацртам? Нема влада без бадентерово мнозинство и без тоа не може да има функционално мнозинство за формирање на влада, тоа е во духот на Рамковниот договор, двојното мнозинство го има во уставните измени и нема потреба да го пишува во закон или да се прават законски измени“, рече Османи.

Најнови вести од Македонија

To top