Митрески за руска телевизија: Политичарите се друга работа, македонскиот народ е заедно со Русите

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Игор Митрески во интервју за руската телевизија Мач специјализирана за спорт со свое мислење за тоа каков е сега односот во Македонија кон Русија.

„Што се однесува до обичните луѓе, односот е многу топол. Тука се 80 проценти православни, тие многу добро се однесуваат. Политичарите се друга работа, но народот е народ, тој е заедно со Русите. Се грижиме за вас“, одговори 43-годишниот стружанец, кој има 70 настапи и еден гол за македонската репрезентација.

На прашањето „ако во Скопје зборуваш руски, можно ли е да не се плашиш“, Митрески со одговор: „Не, нема да има никакви проблеми. Слушаме руска музика, а македонските канали емитуваат руски филмови и серии без превод“.

Македонскиот дефанзивец одигра за Спартак Москва 85 натпревари во четирите сезони од 2001 до 2004 година и заедно клубот од руската престолнина ја освои шампионската титула во 2001 и Купот на Русија во 2003.