Убиено младо момче во Прилеп

Свирепо убиство се случило вечерва во строгиот центар на Прилеп, објави порталот Маркукуле.

Имено, како што дознава Маркукуле, група на млади луѓе најпрво физички нападнале, а потоа и со нож избоделе младо момче пред зграда.

-Според информациите од очевидци, момчето потоа се обидело да побегне и паднало пред поранешен хотел „Скопје”, каде и починало. Засега не е познат идентитетот на момчето, само се знае дека има имало околу 15-16 години и дека е од ромска припадност, пишува порталот.