Емери потпиша нов договор со Астон Вила

Унаи Емери пред неколку дена одговори на новинарските шпекулации кои го поврзуваа со Баерн Минхен изјавувајќи дека е пресреќен во Астон Вила, а шпанскиот стратег зборовите ги претвори во дела откако потпиша нов долгогодишен договор со клубот од Бирмингем.

Емери пристигна на „Вила Парк“ во октомври 2022 година, кога тимот се наоѓаше на само еден бод над зоната за испаѓање. Тој успеа да го воскресне составот на Астон Вила, на крајот освојувајќи го седмото место кое води во Лигата на Конференции на УЕФА. Астон Вила игра фантастично оваа сезона и со шест бода предност во однос на Тотенхем во трката за четвртото место тимот на Емери е на добар пат да обезбеди учество во Лигата на Шампионите наредната сезона.

Затоа, не е никакво изненадување што управата на клубот настојуваше да го „врзе“ Емери што подолго во Астон Вила. Разговорите траеја неколку месеци, а новиот договор со важност до 2027 година бил потпишан во текот на минатата седмица, па останува само клубот преку официјално соопштение да ја сподели убавата вест со навивачите.

Се вчитува...