Економија 08.02.2024 09:05

Светски берзи: Доларот ослабе, цената на нафтата порасна

Светски берзи: Доларот ослабе, цената на нафтата порасна

На европските берзи во средата претпладне се тргува внимателно, а индексите стагнираат додека инвеститорите ги очекуваат новите деловни извештаи од компаниите и економските показатели.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во првиот дневенн пресек беше речиси непроменет во однос на вчерашниот ден, кога благо порасна. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,10 отсто, на 7.675 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,23 отсто, на 16.995 поени, а париски CAC 0,03 отсто, на 7.636 поени.

И на повеќето азиски берзи цените на акциите пораснаа. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, порасна за 0,4 отсто воистиот период како и во Европа, зголемувајќи се втор ден по ред. Истовремено, на токиската берза индексот Nikkei ослабе за 0,1 отсто, додека цените на акциите во Хонгконг се лизнаа за 0,3 отсто. Во Австралија, Шангај и Јужна Кореја, пак, се зголемија меѓу 0,4 и 1,4 отсто.

Откако вчера кинеските берзански индекси скокнаа за повеќе од 3 отсто, благодарение на одлуката на властите за нови стимулативни мерки за пазарот на капитал, инвеститорите се повнимателни.

Цените на акциите дополнително се зголемија во Шангај, но паднаа во Хонгконг бидејќи инвеститорите чекаат дополнителни стимулативни мерки.

Внимателни се и поради бавниот раст на кинеската економија и можното продлабочување на кризата на пазарот на недвижности. Токму затоа цените на акциите неодамна паднаа на најниско ниво во последните пет години, што ги поттикна властите да воведат нови стимулации.

„Пазарот покажа дека не може преку ноќ да стане оптимист за економијата. Покрај тоа, инвеститорите се несигурни за долгорочниот пристап на владата кон пазарите“, вели Галвин Чиа, стратег во NatWest.

Од друга страна, пазарот е поддржан од подобри од очекуваните квартални деловни резултати на повеќето американски компании.

()