Франција: Татко ги убил трите малолетни ќерки, па се предал

Мажот (41) отишол во полициска станица „да пријави дека ги убил своите три деца“, изјави локалниот јавен обвинител, јавува NDTV.

Полицијата ги пронашла мртви во неговиот дом во градот Алфорвил, во југоисточното предградие на Париз.

Јавниот обвинител во Париз ја потврди „смртта на три девојчиња на возраст од 4, 10 и 11 години“.

Две од девојчињата биле избодени до смрт, изјави полициски извор. Според првичните наоди на истрагата, тие биле пронајдени под покривка, додека третото дете лежело мртво на софата.

Таткото бил осуден за семејно насилство во 2021 година, изјави извор близок до случајот.

Полицијата се уште трага по мајката. Полицијата стравува дека можеби и таа била жртва на насилство…