Барди и Трабзонспор во финалето на Купот на Турција (ВИДЕО)

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди и неговиот Трабзонспор се пласираа во финалето на националниот куп на Турција откако вечерва славеа и во реваншот на гостински терен против Карагурмук со убедливи 0-4.

Откако во првиот меч одигран на домашен терен славеа со 3-2, вечерва и полесно од очекуваното успеаја да слават на гостувањето и да обезбедат финале каде ќе се сретнат со Бешикташ.

Македонскиот капитен беше стартер за својот тим и го одигра целиот натпревар.

Karagumruk 0-4 Trabzonspor [2-7 on agg.] – Umut Bozok 77′
byu/Meladroitdimage insoccer

Се вчитува...