Поврзи се со нас

Македонија

Нови 46 случаи на голема кашлица во земјава од 12 до 18 април

Објавено

на

Од 12 до 18 април пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица во државава, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходната недела, информираа од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Најголем дел од случаите се пријавени во рамки на епидемијата во Скопје – 37, а пријавени се случаи и во Битола – три, Куманово – два и по еден случај во Тетово, Крива Паланка, Прилеп и во Струмица. Возраста на заболените се движи од еден месец до 73 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 10 до 14 години. Во однос на вакциналниот статус на заболените, 31 лице е некомплетно вакцинирано, невакцинирани или има непознат вакцинален статус, 13 се комплетно вакцинирани и две се вакцинирани согласно возраст. Од новите 46 случаи, девет случаи се хоспитализирани.

Заклучно со 18 април, во државава се регистрирани вкупно 489 случаи на голема кашлица, со инциденца од 26,6/100 000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период  2019-2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи.

Најголем број лица живеат во Скопје – 392 со зафаќање на седумнаесет различни општини. Во рамки на епидемијата во Куманово се пријавени 27 заболени лица, а случаи се пријавени и во други 15 градови низ државата.

  • Од пријавените 489 случаи, лабораториски се потврдени 487 случаи. Од 18 јануари до 18 април, дадени се вкупно 41.044 дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица, пишува во извештајот на ИЈЗ. 
Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 час

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 3 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 6 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 6 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 7 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 8 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Вестипред 8 часа

Четврти мај, годишнина од смртта на Гоце Делчев и на Јосип Броз Тито

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена