Во недела во ЖИВО на М Нет: Карбинци – Вардарски, од 17 часот

Во недела ќе се комплетирано последното 18. коло од Третата македонска фудбалска лига – Исток, со што ќе заврши сезоната. Карбинци ќе биде местото каде ќе се одлучува за новиот шампион, а со тоа и која екипа ќе игра бараж за влез во Втората македонска фудбалска лига.

На телевизија М Нет ќе имате ексклузивна можност да го гледате соочувањето меѓу Карбинци и лидерот Вардарски од Богданци.

Последнопласираниот Карбинци на домашен терен ќе се соочи со лидерот Вардарски, во меч каде трите бодови се од капитална важност и за двете екипи. Вардарски доаѓа по трите бодови, бидејќи во секој друг случај може да биде втор, ако Слога Виница триумфира над Малеш во Берово.

Тоа значи дека Слога Виница доколку го совлада Малеш, ќе се реми или пораз на Вардарски, за да биде прва, а пак Вардаски со три бода против Карбинци, го обезбедува првото место и бараж за Втора лига, со што екипата од Богданци која настапуваше во првата сезона од Првата лига, ќе има можност да се врати во Втората лига.

Гледајте го соочувањето меѓу Карбинци и Вардарски на телевизија М Нет, во недела со почеток од 17 часот.

Александар Ванев, М-Нет