Поврзете се со нас

НБА

Баркли е убеден: Оваа серија е готова, Денвер ќе добие „метла“ од Минесота

Објавено

на

foto:twitter.com/NBAspain

Минесота Тимбервулс дојде до двоен брејк во пресметката со актуелниот НБА шампион Денвер Нагетс и има отворен пат кон финалето на Западот.

„Волците“ по втор пат го освоија жешкиот терен во Колорадо, водат со 2-0 во серијата и следните два меча ги играа пред своите гледачи што значи дека имаат можност да му дадат „метла“ на Денвер, поточно со 4-0 да го елиминираат од плејофот.

Легендарниот Чарлс Баркли верува дека тоа сценарио ќе се оствари по тоа што се случи во првите два натпревари.

-Оваа серија е готова. Минесота е подобра од Денвер, без навреда. Немаат предност во ниту еднен дел, МВП (Јокиќ) е надигран. Мислам дека Џамал ​​Мареј се уште се мачи со повреда. Серијата е завршена.

-Пред почетокот на сезоната кажав дека не верувам во нив, ама ми се промени мислењето за 100 проценти. Не знам против кого ќе играат во следната серија, може да биде многу интересно. Ама човече, тие се сериозни. Го имаат тој тип. Тој булдог можеби е и проклет волк затоа што не се зафркава. Тој вели: „Момци, ајде, следете ме мене, а другите момци го следат. Кога имаш играч како него и имаш некои други добри играчи, бидејќи ниту еден тим нема да биде добар ако немаш таков играч, -рече Баркли и додаде:

-Јокиќ е таков тип на играч, ама не во оваа серија. Не можеше да доминира со еден од нив (Едвардс), додека другиот беше дома (Гобер). Му честитам на Руди за раѓањето на детето. Не можеше ни да доминира кога другиот го немаше. Знаете ли колку ќе биде тешко да се игра против Едвардс и Гобер? Видовте што се случи на првиот натпревар. Серијата нема да се врати во Денвер, Тимбервулфс се сериозни. Тие ќе ги избришат Денвер Нагетс. Крај, -јасно и гласно порача Чарлс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни