Каталонското дерби ќе биде ефикасно, Сити ќе победи, Интер оди на прошетка кај Сасуоло (Фото)

1006 – Манчестер сити – Вулверхемптон Вулвс (18:30)

Манчестер сити и Арсенал продолжуваат со мртвата трка за шампионската титула во англиската Премиер лига. „Топчиите“ имаат бод предност на табелата, но „граѓаните“ имаат меч помалку, па доколку ги добијат сите натпревари до крајот на сезоната, ќе го одбранат трофејот. Еден од тие натпревари кои Манчестер сити мора да го победи е оној против Вулверхемптон. Нема сомнеж дека домашните се фаворити, а победникот ќе сакаат да го решат час поскоро и да не му дозволат на противникот ниту да се понадева дека може да дојде до изненадување на „Етихад“.

Предлог тип: 1-1 & 2+ пол. (2.30)

 

1304 – Жирона – Барселона (18:30)

Каталонското дерби помеѓу Жирона и Барселона одлучува за пласман на втората позиција, бидејќи Реал Мадрид и за двете екипи веќе е недостижен, иако теоретски „кралевите“ се уште ја немаат освоено титулата. Барселона е во мала предност и сигурно нема да дозволи „малата“ Жирона да заврши пред нив на табелата, иако првиот натпревар заврши во корист токму на фудбалерите на Жирона со 4-2. Тоа значи дека и вечерва се очекува ефикасен натпревар со голови во двете мрежи.

Предлог тип: Х2 & ГГ (2.04)

 

3003 – Сасуоло – Интер (20:45)

Екипата на Интер веќе ја освои шампионската титула во Италија, па опуштено може да патува на гостувањето кај Сасуоло, кој е на претпоследната позиција на табелата во Серија А. Домашните имаат заостанување од пет бода за да обезбедат опстанок на пет кола пред крајот, па денес нема што да бранат и ќе мора да го нападнат новиот шампион. Сасуоло на четири од последните пет натпревари одигра „гол-гол“, додека Интер тоа го направи на три од последните пет меча. Последните два меѓусебни натпревари на овие две екипи завршија со голови во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ и 3+ (1.91)

 

1305 – Мајорка – Атлетико Мадрид (21:00)

Атлетико Мадрид води битка со Атлетик Билбао за четвртата позиција на табелата и пласман во Лигата на шампионите, па затоа денес ќе им биде потребно да останат непоразени на гостувањето кај Мајорка. Домашните имаат шест бода предност над опасната зона и не би требало да се најдат во состојба за стравуваат за опстанокот. Последните два меѓусебни натпревари им припаднаа на „јорганџиите“, кои победуваа со 1-0 и 3-1.

Предлог тип: Х2 & 1+ прво (2.14)

 

3002 – Монца – Лацио (18:00)

Екипата на Монца си го обезбеди опстанокот, но е далеку од местата кои водат во Европа, па резултатски императив ќе имаат само фудбалерите на Лацио, кои имаат шанси дури и за пласман во Лигата на шампионите. За да дојдат до бодовите ќе мора да нападнат и токму поради тоа се очекувањата дека дуелот во Монца ќе биде ефикасен и со голови во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.04)

- Оглас -

Најнови вести