Поврзи се со нас

Гостивар

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Објавено

на

Полна сала и полни срца на вечерашниот концерт на Националниот фолклорен ансамбл „Танец“ во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар.

Амбасадорите на македонската народна уметност и традиција во првиот град на Вардар гостуваа во помал состав со концептот „Изворни минијатури“, преку кој играорците, пејачите и инструменталистите се претставуваат со избор од автентични фолклорни творби врз кои се темелат познатите кореографии на ансамблот.

„Тоа е со цел да се присетиме од каде потекнуваат сите тие игри на Танец, кој бил изворот и како матично биле изведувани од нашите предци за до ден денеска сето тоа се равива и да постане како една убава слика на националниот ансамб Танец, кој оваа година слави 75 години од постоењето. Значи од една страна да се потсетиме кои ни се корените, а од друга страна да можеме да излеземе во пресрет на помалите Центри за култура низ земјава кои реално немаат услови да го примат Танец во цел состав, бидејќи е габаритен, преку 60 уметници се на сцена и специфично е за организација, бара поголем простор, сцена и сценографија. За да можеме да ги посетиме и другите градови низ државата го направивме концептот на Изворни минијатури во скратен состав. Ова е навистина еден симпатичен и убав проект, мене ми се допаѓа многу, токму заради тоа што не вади од онаа матрица како Танец изгледа така спектакуларно, и се навраќаме на корените, да видиме како тоа се создавало низ тие 75 години.“, изјави за Gostivarpress.mk, директорот на ансамблот Мартин Вучиќ.

Гостиварската публика, која ја имаше од сите генерации, не го криеше своето воодушевување и секоја точка од програмата ја наградуваше со громогласен аплауз.

„Одличен е приемот на публиката. Од она што можаев да го видам, Гостивар е навистина едно убаво место, со еден топол, питом народ, народ желен за култура и за убави манифестации. Се надевам дека во иднина ќе имаме повторно прилики да гостуваме овде.“, кажа Вучиќ.

„Изворни минијатури“ содржи карактеристични напеви и ора од различни делови на Македонија преку кои се претставува раскошот на македонските играорни и музички бисери, вешто вградувани во репертоарот на „Танец“ низ седум и пол децении.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 4 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 6 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 7 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 8 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 10 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 10 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 23 часа

Гостивар во слава на 5 Мај: Да ни е жив и вековит македонскиот јазик!

Македонијапред 1 ден

Денарот слави 32 роденден

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена