Дубаи известува за „мистериозна болест“ после големите поплави

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Луѓе во Дубаи и во Обединетите Арапски Емирати, пријавиле дека се разболеле од питка вода после големите поплави кои се случија во тој регион.

Министерството за здравстов и натаму не соопшти со што е контаминирана водата. Во земјата за само 12 часа наврна дожд колку за една година во просек, предизвикувајќи големи поплави минатиот вторник.

Елементарната непогода без преседан предизвика хаос на аеродромот во Дубаи, напрометниот аеродром за меѓународни летови. Поради временските услови, „Емирејтс“ ги откажа летовите за 200.000 патници.

Во драматичните снимки можеше да се види како авионите слетуваа како во вода, а голем број на автомобили ги носеше водата. До крајот на минатиот вторник, УАЕ имаше повеќе од 142 литри вода на метар кубен, додека за споредба, во просек годишно паѓаат 86 литри на метар кубен.