Официјално: Тиаго Силва се врати во Флуминенсе (ФОТО)

Искусниот бразилски стопер, Тиаго Силва по 15 години минати во Европа на крајот на кариерата се враќа назад во својот Флуминенсе, потврди клубот од Рио де Жанеиро.

Силва кој потеклнува од младинската школа на овој славен бразилски клуб последниот настап за сениорскиот тим го имаше од 2006 до 2009 година пред да се пресели на Стариот континент каде низ годините настапуваше за Милан, ПСЖ и Челси освојувајќи бројни трофеи во Италија, Франција и Англија.

Последните четири сезони, 39-годишниот Силва ги мина во редовите на Челси.

Се вчитува...