Силјановска: Во Крушево има шанси за опстанок


 

На својот прв ден од кампањата меѓу двата круга на претседателските избори Гордана Силјановска-Давкова беше во Крушево, кое не го посети претходно. Во своето обраќање пред граѓаните рече дека Крушево треба да биде град на културата  поради неговото место во македонската историја.

„Вие крушевчани има на што да сте горди и вие заслужувате самопочит.  Не заборавјате, ако не се самопочитуваме никој нема да не почитува. Мора да го вратиме животот во Крушево, тука има шанси за опстанок“.

Таа го повтори својот став дека ќе ги отвори народните канцеларии на поранешниот претседател Ѓорге Иванов за да гледа на што се жалат граѓаните.

„Крушево е жив културен споменик. Искористете ги луѓето кои уште во меморијата го имаат она што ние го забораваме. Кога ќе се грижиме за споменот на Тоше, кога ќе им оддаваме почит на партизаните, кога нема да ги заборавиме Карев, Питу и останатите, тогаш ќе бидеме горди на Македонија“, рече таа.