Search

Нов мурал на објектот на Центарот за Култура „Марко Цепенков“ во Прилеп

На објектот на Националната Установа Центар за Култура (НУЦК)  „Марко Цепенков“ во Прилеп во моментов се реализира мурал изработен од визуелната уметница Ивана Самандова, кој е во рамките на проектот „Јазикот коски нема, но коски крши“ и е со поддршка на Mинистерство за Култура на Република С. Македонија и во соработка со Организацијата Факултет за работи што не се учат – ФРУ. Муралот е дел од конкурсот „Цртај на македонски јазик“. Заедно со Ивана Самандова го работат и Методи Исков и Александар Џинго.

„Фокусот на муралот е пренасочен на величината на Марко Цепенков, како една од најистакнатите фигури во македонската историја и култура. Идејата зад муралот е создавањето „искра“ и љубопитност кон истражувањето и врската меѓу современиот свет и историското културно наследство“, објаснува Ивана.

Проектот цели кон избегнување на централизираноста на културата и уметноста во само еден град, а соработката помеѓу Центарот за Култура во Прилеп и локалните уметници е стремеж кон визуелно осовремување и освежување на објектот, создавајќи ликовна композиција која корелира со предизвикот и играта на архитектурата.

Најново

Последни колумни