• Sat. May 18th, 2024

Денеска предвелигденски Брера Струмица во Турново со штипска Брегалница за нова победа и опстанок

ByЃ. K.

May 4, 2024

Првиот тим на Брера денеска на стадионот Кукуш во Турново го игра најважниот натпревар во ова полусезона. Брера е домаќин на штипска Брегалница против која се потребни три бода за сигурен опстанок во лигата. Но и за Брегалница е важен мечот во Турново, бидејки со позитивен резултат ги подгрева надежите за бараж позиција. Стратегот Бојан Круљ, подвлече дека секој меч во овој дел на сезоната беа важни, но соочувањето со штипскиот состав значи е најважен за официјалното исполнување на целта.

„Од кога дојдовме овде за нас секој натпревар е финален и навистина е тешко на момците да се носат со тој притисок. Но сме подготвени на тоа. Натпреварот со Шкендија во Тетово треба да ни биде мотив како треба да изгледаме утре – организирани, дисциплинирани. Против Брегалница ни е уште еден финален натпревар можеби и најважен натпревар да ја исполниме целта. Длабоко верувам во момците дека може да направат добар резутлтат, позитивен да славиме на натпреварот и да го решиме прашањето за нашиот опстанок ова сезона. Мислам дека со играта во овој дел од сезоната тоа и го заслуживме“, подвлече Круљ кој ја повика публиката да биде присутна на трибините во Турново да даде поддршка и да бидат 12 ти играч на теренот.

И Горан Томовски е свесен за важноста на мечот. Според него поразот во Тетово од Шкендија е веќе минато и сите мисли се насочени кон дуелот со Брегалница – меч со исклучителна важност. И тој со покана до публиката.

„Мечот е одлучувачки за опстанок. Против Шкендија одигравме тежок натпревар пред се психолошки и од овој меч извлековме поука. Излегуваме максимално за да ги освоиме трите бода кои ни значат многу – опстанок. Како што беше со Вардар, очекувам  публиката и денес да ни биде 12 ти играч и да ги освоиме тие три бода кои ни значат живот“, рече Томовски.

Натпреварот со штипска Брегалница започнува во 17 часот на стадионот Кукуш во Турново.

By Ѓ. K.