Вести Свет Топ вести

Илјадници починати, милиони изложени на радијација – светот одбележува 38 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил

Денеска се одбележуваат 38 години од една од најголемите светски катастрофи – експлозијата во четвртиот реактор на нуклеарната централа во Чернобил која ослободи големи количества на радијација на која беа изложени над седум милиони луѓе.

Радиоактивниот прав се вивна високо во небото, стигна до северот и западот на Европа, а наводно и до источниот брег на САД. Градот Припјат, кој се наоѓа во непосредна близина на централата, беше целосно евакуиран веќе наредниот ден.

Од разорните последици во последните три децении починаа илјадници луѓе од различни видови на карциноми. Според проценките на Светската здравствена организација, 30.000 човечки животи се директно поврзани со катастрофата.

Работата на електраната беше отежната по несреќата. Изградбата на петтиот и шестиот реактор е запрена. Над четвртиот реактор е изграден сакрофаг, а меѓу него и зградите беше подигната бетонска бариера со дебелина од 200 метри.

Десет години подоцна престана со работа реакторот 1, во рамки на договорот меѓу украинската влада и меѓународните организации. Реактор 2 го зафати пожар во 1991 година за да биде утврдено дека негова поправка е невозможна. Реактор 3 на 15 декември во 2000 година, лично го исклучи тогашниот украински претседател, Леонид Кучма, со што централата и официјално престана да произведува електрична енергија.

Несреќата во Чернобил е една од двете нуклеарни катастрофи кои се оценето со највисока оценка – седум на Меѓународната скала на нуклеарни случувања. Втора е нуклеарната несреќа во Фукушима, Јапонија, во 2011 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сопругот загина, две малолетни деца и сопругата повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Крупиште

Дејан Дејан

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе