logo
logo
logo

Нов гол на Ретегуи за победа на Италија, Роналдо стигна до 122 гола за Португалија

Vecer | 26.03.2023

Нов гол на Ретегуи за победа на Италија, Роналдо стигна до 122 гола за Португалија

Репрезентацијата на Италија ги освои првите бодови во квалификациите за ЕП 2024, а вечерва ја совлада Малта на гости со 2:0. По поразот од Англија со 1:2 во Неапол на отворањето на квалификациите, на четата на Роберто Манчини и требаше победа и таа е обезбедена против Малтежаните.
На првиот гол се чекаше 15 минути. Тонали нафрли, а Матео Ретегуи со глава го совлада Бонело. Натурализираниот Италијанец и даде гол на Англија на дебито за „Аѕурите“, вечерва уште еден и само Орсолини (ноември 2020), Енрико Киеза (Јуни 1996) и Џорџо Кинаља (септември 1972) имаат два гола на првите два меча за Италија.

ГОЛОТ НА РЕТЕГУИ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ

Во 22 минута пех за Италијанците затоа што се повреди Вили Гнонто, па на негово место влезе Грифо.

Пет минути подоцна нов погодок за Италија. Тонали пак асистент, а сега топката во мрежата ја испрати Песина (ГОЛОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ)
И покрај апсолутната доминација на Италијанците резултатот не се промени. Италија ги впиша првите бодови, а Малта вториот пораз по оној во Скопје во четвртокот.

Португалија славеше со 6:0 на гостувањето кај Луксембург. Четири гола паднаа во првото полувреме од кои по еден постигнаа Жоао Феликс и Бернардо Силва, а два Кристијано Роналдо. Со овие два гола Роналдо стигна до бројката 122 во дресот на Португалија.
Интересно, Роналдо има и 11 гола во 11 дуели против Луксембург.
Во финишот на натпреварот резултатот го заокружија Отавио и Рафаел Леао.

КОМПЛЕТНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДЕНЕШНИТЕ КВАЛИФИКАЦИСКИ НАТПРЕВАРИ
КАЗАХСТАН – ДАНСКА 3:2
АНГЛИЈА – УКРАИНА 2:0
ЛИХТЕНШТАЈН – ИСЛАНД 0:7
СЛОВЕНИЈА – САН МАРИНО 2:0
ЛУКСЕМБУРГ – ПОРТУГАЛИЈА 0:6
МАЛТА – ИТАЛИЈА 0:2
СЕВЕРНА ИРСКА – ФИНСКА 0:1
СЛОВАЧКА – БИХ 2:0

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk