Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ и Пелистер остварија тешки победи против екипите кои се борат за опстанок

Објавено

на

МЗТ Скопје и Пелистер остварија тешки победи над Вардар и Навико Академија ФМП во последните два натпревари од 21. коло во Првата лига.

Актуелниот шампион беше подобар од „црвено-црните“ со 86:78. Домаќините никако не успеваа да се одлепат, да направат посериозна разлика, односно гостите покажаа квалитет и убаво го испотија фаворитот за да дојде до посакуваната цел.

Ова за „штрковите“ беше 17. сезонско славје во кое Делалиќ и Ворку уфрлија по 16 поени, додека Бајрам за поразените уфрли 29 кошеви.

Пелистер пак имаше уште поголеми проблеми со Академија ФМП чиј отпор го скрши во завршните четири минути. Имено во овој дел се влезе со резултат 84:84, па „зелено-белите“ мораа да се „нагазат“, ја потврдат разликата во квалитетот за конечни на крајот 98:89.

Петмина играчи кај битолчани беа двоцифрени, далеку најдобар Маслинко со 31 поен. На другата страна Робертс имаше дабл-дабл од 31 поен и 11 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни