Алегри: Ме нарекуваа луд кога кажував дека Интер е број 1 оваа сезона

Тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри, сака да ја добие битката за второто место во Серија „А“ сезонава. За да се случи тоа, Јувентус мора да го добие дербито со Милан, утре во Торино.

Алегри кажа дека уште пред сезоната прогнозирал дека Интер ќе биде првак, и на крајот тоа с случило.

„Ако сега го победиме Милан, може да се надеваме на второто место, што би било уште едно супер достигнување по нашиот пласман во финалето на Купот на Италија. Да одиме напред и да бидеме пред нашите конкуренти, тоа е нашата цел. Заостанувањето зад Интер е огромно, што секако е разочарувачки, Но, во моментов сите се зад Интер. Веќе претходно кажав дека Интер ќе биде најдобар, а сите ме направија луд. Што му недостасува на Јувентус да се бори со Интер: На ова прашање подобро ќе ви одговорат луѓето кои се занимаваат со трансферите“, рече Алегри.

Се вчитува...