„Сантијаго Бернабеу“ во делириум, а Анчелоти „мртов ладен“ (ВИДЕО)

Реал Мадрид се пласираше во големото финале во Лигата на Шампионите откако во реваншот од полуфиналната пресметка против Баерн Минхен славеше со 2-1 и тоа по голем пресврт со головите на неочекуваниот херој Хоселу во 88. и 91. минута од средбата.

„Џокерот“ на Анчелоти доби шанса во 81. минута и фантастично ја искористи истата тресејќи ја мрежата прво за изедначување по кое еруптираше „Сантијаго Бернабеу“. Навивачите, клупата за резерви и фудбалерите во бело на теренот бурно го прославија голот на 34-годишникот, а единствен кој остана мирен беше искусниот италијански тренер.

Анчелоти беше „уловен“ од камерите како ја смирува клупата давајќи дознаење дека се уште има време за игра па стана хит на социјалните мрежи.

Се вчитува...