Search

Момче во Врање се заглавило во шахта, ватрогсците морале да ги исечат решетките

Припадниците на Противпожарната и спасувачката единица Врање денеска спасија момче кое се заглавило во шахта на улицата.

-Тројца пожарникари-спасувачи со едно возило биле ангажирани на ослободување на малолетник кој му се заглавила ногата во отворот на шахтата – соопштија оттаму.

Споед очевидци, детето било исплашено и плачело, а спасувачите морале да ги исечат решетките за да му ја извадат ногата на момчето.

По ослободувањето на момчето, за него се погрижила Итната помош.

Треба да знаете
Последни објави