„Ќе има правда, тогаш кога на вистинско место ќе дојдат вистински, одговорни луѓе, бидејќи овие не само што нѐ лажеа, во целост нѐ прелажаа, па дури и од сопствениот народ се откажаа, од вредностите на Крушевскиот манифест и АСНОМ и од сè што е свето за Македонија и ако им дозволиме тоа ќе продолжат да го прават“, кажа кандидатот за претседател од движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.
Кандидатот за претседател нагласи дека имаат историска обврска да го сменат тоа, бидејќи граѓаните залсужуваат.
Тој ги критикуваше политичките опоненти, ДУИ за која рече дека повеќе од две децении само ветувала, никогаш не изградила ниту фабрики, ниту метар од коридорот 8, и „околу прст ги врти, и левите и десните.
Н. А.