Барселона има две летни желби за кои ќе мора да плати 120 милиони евра

Управата на Барселона планира во летниот преоден рок да направи реконструкција на тимот, да се ослободи од непотребните играчи, а на листата на желби се наоѓаат две имиња кои треба на клубот да му помогнат сериозно да се замеша во битката за трофејот во Лигата на шампионите.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, налето планира да тргне по потписот со двајца фудбалери, Бернардо Силва од Манчестер сити, како и Дани Олмо од Ред Бул Лајпциг.

И двајцата фудбалери за ова лето имаат откупни клаузули во случај да се јави Барселона. Германскиот тим бара 60 милиони евра за Олмо, додека Португалецот ќе може да си замине од Манчестер сити за 55 до 60 милиони евра само во случај на понуда од Барселона. За останатите заинтересирани екипи, откупната клаузула за Силва е поголема.

Но, поради проблемите со финансискиот фер-плеј, Барселона пред да тргне по потписот со Олмо и Силва, прво ќе мора да продаде неколку фудбалери од актуелниот играчки кадар, а први на листата за отстрел се Ињиго Мартинес, Феран Торес, Рафиња, Андреас Кристенсен.

- Оглас -

Најнови вести