Селекторот на Канада: Ќе ја е**ме Хрватска

Канада немаше среќа во првиот натпревар на Светското првенство во Катар во кој загуби со 1-0 од Белгија во натпревар во кој беше и далеку подоминантен противник. Канаѓаните промашија и пенал, а во полза не беа ниту двете контроверзни судиски одлуки.

Поразот од Белгиците дополнително го мотивираше селекторот на Канада, Џон Хердман кој по мечот изјави дека неговите играчи ќе ја е*ат Хрватска во мечот кој ќе биде одигран во недела.

„Им кажав на играчите дека припаѓаме тука и како следна ќе ја е**ме Хрватска. Едноставно е. Горд сум на играта на момците, само треба да се држиме заедно и да веруваме во успех. Меѓутоа требавме да имаме три бода, имавме шанса денеска, но за жал ја пропуштивме“, вели Хердман.

Се вчитува...