Вести Економија Најважни

Годинава тешко до јагнешко за Велигден, килограм ќе достигне и до 800 денари

Јагнешкото месо полека се  брише од велигденската трпеза. Цената за килограм до празникот се очекува да достигне и до 800-ни денари. Граѓаните велат дека е прескапо, па поради тоа  не можат да си дозволат  велигденска трпеза како што некогаш имале.

Сточарите велат дека ќарот е кај трговците. Јагнешкото месо тие го даваат по цена од 220 денари за килограм, а потоа во месарниците се продава многу поскапо.

Цената е надуена во месарниците,  секогаш добитници најголеми добитници се трговците нели месарите. јас мислам дека до 800 денари ќе дојде до месарите, 800 денари ќе биде за нашиот велигден. А додека на сточарите откупна цена, можете да најдете секаде бидејќи  ние одиме на ниво на држава секогаш. Откупната цена е 220 денари значи не е качена ниту денар, што е многу малце, многу малце  и сета заработувачка ја имаат трговците и месарите, вели за Телма Јанков Митко, претседател на  Агро Центар од Велес

Велат дека често пати самите откупувачи им ја диктираат цената.

Они тоа го злоупотребуваат и ние баравме некоја државна цена да има да речеме под тоа ниво да не се оди доле, но не наидовме на слух, додава Јанков

Проблем е и тоа што се помалку луѓе се занимаваат со сточарство, а нема ниту стока. Луѓето ја продаваат. Според бројките во земјава има некаде околу 350 илјади овци.

Освен јагнешкото, цените и на другите производи одат нагоре. Иако, статистички инфлацијата паѓа, сепак во продавниците не се забележува поевтинување. А можен е и уште еден ценовен шок,  поради растот на цената на нафтата на берзите.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно, особено претпладне нестабилно – Временска прогноза за 3.5.2024

Дејан Дејан

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе