Џамал Мареј погоди шут со звукот на сирената со кој Денвер Нагетс ја анулираа негативата од 20 поени во второто полувреме и славеа против Лос Анџелес Лејкерс со 101:99 за водство со 2:0 во плејоф серијата од Западната конференција.

Победничкиот кош на Мареј беше првото водство на Денвер по предноста од 5:3 во почетните минути од натпреварот и на актуелниот НБА шампион им ја донесе 10. победа во низа против „езерџиите“.

Плејоф серијата продолжува во четврток во Лос Анџелес.

Во останатите натпревари, Кливленд славеше против Орландо со 96:86, додека Њујорк ја совлада Филаделфија со 104:101. Со тоа Кливленд и Њујорк дојдоа до водство од 2:0 во победи во своите плејоф серии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.