Поврзете се со нас

Шпанија

Чуамени донесе победа, Реал се зацврсти на врвот во Примера (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/mundodeportivo

Тимот на Реал Мадрид издвојува победа над Мајорка од 1-0 во претпоследниот натпревар од денешната програма од 31. коло во шпанската Примера.

Гостинскиот тренер Карло Анчелоти го измеша составот за овој меч, но тие кои настапија го донесоа тоа што се бараше, трите бода. Најважниот момент на средбата во Мајорка се случи на стартот на вториот дел кога Чуамени биеше од голема далечина, а топката со помош на еден домашен играч заврши во мрежата на Рајковиќ.

Ова за „кралевите“ беше 24. сезонско славје со што сега имаат 11 бода повеќе во однос на второпласираната Барселона која вечерва му гостува на Кадиз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни