На 11 мај во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде изведена претставата за деца ,,ДАЛМАТИНКО”.

 

На 11 мај /сабота/ во 12.00 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде изведена претставата за деца ,,ДАЛМАТИНКО”.


 Далматинко е урнебесна хит комедија за деца. Целото дејствие се случува во куќата на кучето Далматинко кое е најбогатото куче во населбата. Далматинко се променува целосно кога е избран да биде дизајнер на модната ревија за кучиња, но почнуваат многу незгоди кој му ги приредуваат кученцето Тошко и комшиката Тетка Светле. Низ многу комични ситуации и низ интеракција со публиката ќе дојдеме до главната порака на претставата која гласи: Никого не потценувај во својот живот, не прави разлика кој од каде потекнува и колку има, бидејќи сите сме еднакви и секогаш треба да бидеме заедно како едно.
Со многу комични ситуации, музика, интеракција со децата и педагошки елементи ќе успееме да го задржиме вниманието на публиката и преку театарскиот јазик ќе им прикажеме на децата колку е важно да сме сите заедно како едно.

Автор и режисер: Сашо Ристовски


Играат:
Бранко Атанасов
Магдалена Ризова-Черних
Сашо Ристовски

Сценограф: Диди
Изработка на костим за Далматинко: Раде Василев
Избор на костим: Диди


Продукција: Театар ХИТ Скопје 2024 година

ЦЕНА: 100 денари
Резервација и продажба на билети на телефонот: 076 442 378

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова

Вечерва, во рамките на новиот фестивал за литература и општа култура „Видик“, во книжарницата на …