Првото големо изненадување на СП во фудбал, Германија елиминирана

Репрезентацијата на Јапонија направи уште едно големо изненадување на Светското првенство, па по Германија совлада уште една топ репрезентација од Европа-Шпанија со 2-1.

Со овој резултат популарните „самураи“ го освоија првото место во групата и ќе играат во осминафиналето во кое ќе се соочат со Хрватска. Јапонците ги добија Шпанците со истиот рецепт како Германија, односно беа во негатива во првото полувреме (Мората) за да во вториот дел за кратко време од 48 до 51 преку Доан и Танака го свртат резултатит и потоа го задржат водството од 2-1.

Овој епилог значи дека Шпанија завршува на второто место и во првата нокаут рунда ќе игра против Мароко.

Германија пак иако ја совлада Костарика со 4-2 го завршува СП во Катар. Ова е втор Мундијал во низа на кој „панцирите“ ги пакуваат куферите по групната фаза.

Гнабри, Филкруг и Хаверц (2) беа стрелци на головите за победникот, Техеда и Варгас погодија на другата страна.

Германците се трети поради полошата гол разлика од Шпанија.

Предходно во првите два меча од групатa (F) Мароко ја победи Канада со резултат 2-1, репрезентациите на Хрватска и Белгија одиграа реми без голови 0-0.

Претходна вестПенов: Протестите на приватните автобуски превозници имаат политичка позадина
Следна вестСончево со умерена облачност и утринска магла по котлините