Премиера

ХИТ ВО НАЈАВА: „Хабиби“ е новиот дует на популарниот Пајак и Антониа (Видео)

После милионските прегледи и големиот бум во земјава и регионот со „Bella“, младата трап ѕвезда Пајак промовираше нов дует. Овој пат со Антониа Гиговска, а со наслов „Хабиби“. Текстот и музиката се на Пајак, аранжманот е на Иван Јованов – Iwayo, а излезе под етикетата на Урбан рекродс. Интересно е што во видео спотот Пајак и Антониа играат, а истиот е снимен како и двајцата да се наоѓаат некаде на истокот.

Планирано или не, песната излегува во момент кога Антониа е во фокус на јавноста по вчерашното роденденско изненадување за целата јавност.

Во продолжение уживајте со „Хабиби“:

Можеби ќе ве интересира: