Серии

ЕДИНСТВЕН ИЗЛЕЗ – од понеделник до петок во 20:15

Необичната судбина на Ана Колар!
Што ќе направите ако некој што најмногу го сакате исчезне?

„Единствен излез“ (2021) е нова серија и претставува една психолошка приказна која може секому од нас да му случи. Ана, во еден пожар, ќе го загуби својот сопруг, но и сеќавањето на таа пресудна ноќ. Таа, после некое време поминато во кома, со својот син Лука, продолжува да живее во постојано талкање од реалниот живот – во напади на паника и големиот предизвик да ја прифати загубата на сопругот.
За да биде ситуација позастрашувачка после шест години, Ана добива снимка на која што го гледа сопругот и почнува да верува дека тој е жив. Како ќе се соочи со минатото?
Во овој заплеткан круг на насилство, лаги и уцени, улогата на Ана Колар и е доверена на Анѓелка Прпиќ, нејзиниот фимски сопруг е, Јанко Поповиќ Волариќ, ја гледаме прекрасната Даница Максимовиќ, Љубомир Бандовиќ и нашите Никола Ристановски и Тони Михајловски.
Серија во која нема да откриваме кој е виновен, туку кој е помалку виновен.  Дали единствениот излез е голата вистина?

Гледајте ја новата серија ЕДИНСТВЕН ИЗЛЕЗ.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

БАПТИСТ- сериски филм – НАСКОРО

Дејан Дејан

РУДНИЦИ НА СТРАСТА – НАСКОРО

Дејан Дејан

НИШТО ВАЖНО – сериски филм – НАСКОРО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе