EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Центарот на Минесота тимбервулвс, Наз Рид, ја доби наградата за најдобар шести играч во НБА-лигата. Тој добил 352 гласа од експертите, десет повеќе од бекот на Сакраменто кингс, Малик Монк.

Во регуларниот дел од сезоната, Наз Рид имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции на 81 одигран натпревар. На 67 натпревари влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или на Карл Ентони Таунс.

На крајот, Тимбервулфс го освои третото место во Западната конференција, со скор од 56 победи и 26 порази.