14.8 C
Скопје
17. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Доверливи документи пронајдени во домот на Мајк Пенс

Доверливи документи беа откриени минатата недела во домот на поранешниот потпретседател Мајк Пенс во Индијана, изјави неговиот адвокат.

Тој истакна дека станува збор за мал број документи со доверливи ознаки кои ненамерно биле спакувани во кутија и пренесени во приватната куќа на поранешниот потпретседател на крајот од претходната администрација.

Адвокатот на Пенс, Грег Џејкоб, додаде дека Пенс не бил свесен за постоењето на чувствителни или доверливи документи во неговата лична резиденција.

„Тој ја разбира големата важност за заштита на чувствителните и доверливи информации и е подготвен целосно да соработува со Националниот архив и секоја соодветна истрага“, изјави Џејкоб.

Пенс во август изјави дека не зел никакви доверливи документи со себе кога ја напуштил функцијата.

Тој тогаш истакна дека „колку што знае, не задржал никакви доверливи информации по напуштањето на функцијата“.

Спонзорирано: