Спорт
По грозоморниот масакр во Москва, никому не му е до фудбал: Откажан мечот на руската репрезентација
Русија е завиена во црно од петокот вечерта кога најмалку 93 лица загинаа, а 145 се ранети откако маскирани вооружени лица отворија оган со автоматско оружје врз посетителите на концертот во близина на Москва во еден од најсмртоносните напади врз Русија во последните децении. Исламска држава, милитантна група која некогаш ја презеде контролата врз делови од Ирак и Сирија, ја презеде и одговорноста за нападот.
Поради терористичкиот напад што се случи во петокот вечерта во близина на Москва, беше откажан пријателскиот натпревар меѓу фудбалските репрезентации на Русија и Парагвај, кој требаше да се одигра во Русија во понеделник на 25 март, како дел од подготовките за Европското првенство. откажано.
Организаторите на натпреварот кој требаше да се одигра во ВТБ Арената излегоа со соопштение во кое истакнаа дека оставиле простор натпреварот да се одигра подоцна во текот на годината, а на навивачите кои купиле билети ќе им бидат вратени парите. Информациите за постапката за враќање на купените билети ќе бидат објавени подоцна.
Да потсетиме, Русија само еден ден пред терористичкиот напад во Москва одигра пријателски натпревар против Србија во кој победи убедливо со 4:0.
По терористичкиот напад во кој загинаа повеќе од 60 лица, викендов се откажани сите јавни настани во Москва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тим потврди дека ја завршува кариерата
Австрискиот тенисер Доминик Тим потврди дека на крајот од сезоната ќе ја заврши кариерата.
Победникот на Ju-es open во 2020 година најверојатно кариерата ќе ја заврши во Виена, на турнирот што ќе се одржи од 21 до 27 октомври.
„Можам да потврдам дека оваа сезона ќе ми биде последна во кариерата. Од повеќе причини ја донесов оваа одлука. Мојот зглоб не е добар, не е во состојба каква што сакам да биде, втората причина е мото внатрешно чувство. Долго време размислував за ова, за целиот мое патување во тенисот кое беше неверојатно. Бев успешен и освојував трофеи.“
Тим е далеку од светскиот врв веќе три и пол години, а се започна веднаш по освојувањето на првиот и единствен Грен слем.
Почнаа проблемите со мотивацијата и психата, а заедно со тоа дојдоа и повредите, пред се на зглобот.
Никогаш не успеа да се врати на претходното ниво, а моментално се наоѓа на само 117. место на АТП листата.
OFFICIAL: Dominic Thiem announces his retirement at the end of the season.
Very emotional video.
"I'm gonna finish my career at the end of this season (…) My wrist is not at the way it should be and how I want it. I was thinking about this decision for a very long time" pic.twitter.com/qAyuNkOm9A
— José Morgado (@josemorgado) May 10, 2024
Спорт
Роналдо го поврзуваат со трансфер во европската сензација
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо би можел да се врати во Европа, пренесуваат саудиските медиуми.
Роналдо пристигна во Саудиска Арабија, во Ал Наср на почетокот на 2023 година.
Според информациите, Баер Леверкузен на чело со Чаби Алонсо е заинтересиран за Кристијано.
Стратегот на „фармацевтот“ е добар пријател со Роналдо, кој со години му беше соиграч во Реал Мадрид.
Роналдо е главната ѕвезда во Арабија, па вистинското прашање е дали има желба повторно да се докаже на највисоко ниво на 39 години.
Оваа сезона има учинок од 42 гола на 41 натпревар.
Во текот на кариерата играше за Спортинг, Манчестер унајтед,Реал Мадрид и Јувентус.
Пет пати ја освојуваше „Златната топка“.
Спорт
Жоржињо останува во Арсенал
Фудбалерот на Арсенал, Жоржињо го продолжи договорот со клубот.
Арсенал не прецизираше детали од договорот, се работи за краткорочен договор, а британските медиуми објавија дека договорот е продолжен за уште една сезона.
32-годишниот италијански играч за врска се пресели од Челзи во Арсенал минатиот јануари и стана важен играч во тимот на Микел Артета.
Оваа сезона одигра 35 натпревари во сите натпреварувања, а единствениот гол го постигна против Ленс во Лигата на шампионите.