Гаши: ДУИ веќе не може да се повикува како претставник на Албанците

Тој очекува дека здружената албанската опозиција ќе има значително покачување на бројот на гласови на парламентарните избори, бидејќи, како што истакнува, голем број на нивни гласачи не гласале на претседателските избори.

-Јас не мислам дека внесувањето на Бугарите во Уставот е уцена за никого во државата. Така Северна Македонија само добива во квалитет на мултиетничката држава. Ниту не сакаме да уценуваме некого, ниту дозволуваме да бидеме уценети. Затоа очекуваме разум и дискусија преку аргументи – посочува Гаши.

Претседателот на Алтернатива за ДУИ вели дека сами избрале погрешна насока, со тоа што излегле од битката кај албанското гласачко тело, па затоа, според него, го изгубиле правото да зборуваат со тој легитимитет.

-Се додека тие се натпреваруваа кај етничкиот камп, ние го почитувавме тоа, но сега кога нивните гласови се зголемени со гласови од Ромите, Турците, Бошњаците, Торбешите, Египќаните и други, што е сосема легитимно право од нивна страна да бираат со кого одат на коалиција, не можат веќе да се повикуваат како претставници на Албанците – порачува Гаши во интервјуто.

Back to top button
Close