Не го почнувате денот без него, не можете ни да си го замислите, но дали сте подготвени да платите над 300 евра за шолјичка кафе?!

124

Мала кафеџилница во Лондон решило на своите клиенти да им понуди нешто необично и по исто толку необична цена.

Вистинските љубители на кафе не можат да си замислат ден без својата „магична напивка“, а оние со длабоки џебови можат да пробаат кафе во Лондон за кое ќе треба да издвојат 265 фунти (310 евра) за една шолја.

Кафеџилницата „Шот“ во елитните лондонски населби Мејфер и Мерилебон уживањето го наплаќа по изгор цена поради потеклото на зрната од кои го приготвува кафето.

Ова е причината поради која кафето се служи со чаша вода

Имено, кафето се прави од зрна „Типика“, поквалитетен подвид на „Арабика“. Тие растат и зреат на имотот Накајама на јапонскиот остров Окинава.

Килограм од овие специјални зрна чини 1.730 евра (1.480 фунти), без трошоци за транспорт.