ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ревизија: Бројни неправилности при превоз на ученици во тетовската гимназија

Ревизија: Бројни неправилности при превоз на ученици во тетовската гимназија

Општина Тетово го објави извештајот на внатрешната ревизија за тетовската гимназија „Кирил Пјечиновиќ“, каде се навдени бројни финансиски прекршоци, особено при превозот на учениците.

„Ревизијата утврди дека една од компаниите за превоз на ученици, само за еден ден, фактурирала 8.476,00 денари за превоз на ученици, додека договорената дневна сума изнесувала 3.454,00 денари. Тоа значи дека поранешниот директор Лала му овозможил на овој превозник да добива 5.022,00 денари повеќе дневно. Појасно кажано, за три месеци оваа компанија фактурирала повеќе од 411.804,00 ден. Констатирани се прекршоци и при снабдување со нафта за греење“, рече Бесарта Рамадани, Портпаролка на Општина Тетово.

Според секторот за јавна дејност во Општина Тетово, случајот е пријавен и во обвинителството.

„ Дефинитивно ќе преземеме активности за раскинување на договорот доколку тоа го утврдат надлежните органи“, нагласи Назми Даути, раководител на Сектор за јавни дејности – Општина Тетово.

Од Општина Тетово велат дека поради овие прекршоци, но и поради доцнењето на плаќањата од страна на Министерството за образование, училиштето е во долгови./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button