Вил Смит ќе глуми во филм на „Дизни“

Актерот Вил Смит ја доби својата прва улога по минатогодишниот скандал на „Оскарите“ кога излезе на сцената и му удри шлаканица на комичарот Крис Рок затоа што тој се пошегува на сметка на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит.

Смит е избран за продолжението на Дизниовиот филм за Аладин, и ќе го глуми џинот од ламбата. Снимањето треба да започне кон крајот на годината, а сè уште се работи на сценариото.

„Ова ќе биде први филм со Вил по оскаровската шлаканица, и вистинско изненадување е што ќе биде во филм наменет за деца. Тој цело ова време напорно работи на себе и се надева дека шлаканицата сега е веќе минато“, изјавија од „Дизни“, пренесува британски „Сан“.

„Првиот филм беше многу успешен и би било лудо да не се направи продолжение, а уште поголем срам ќе биде некој друг да глуми на местото на Вил поради инцидентот на ‘Оскарите’. ‘Дизни’ ќе застане зад Вил и ќе го врати на големото платно“, изјавија од компанијата.

Првиот дел од Аладин заработи повеќе од 900 милиони евра, а го режираше Гај Ричи. Заедно со Вил, во филмот глумеа Мена Масуд, која го глумеше Аладин и Наоми Скот, која ја глумеше Јасмин.

Текстот Вил Смит ќе глуми во филм на „Дизни“ е превземен од МАКФАКС.