Баерн е во очајна потрага по тренер, сега Алегри им е на радарот

Управата на Баерн Минхен веќе неколку недели е во потрага по тренер кој ќе ја води екипата од следната сезона. Веќе неколку имиња се поврзуваа со клупата на германскиот гигант, а последно од нив е тоа на актуелниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Според „Калчомеркато“, Алегри ќе си замине од Јувентус една година пред истекот на договорот и неговото име веднаш се најде на радарот на Баерн.

Имено, еден од челниците на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, е во завршни преговои со поранешниот директор на Милан и Барселона, Аиредо Браида, да биде нов спортски директор на германскиот тим и Италијанецот му го препорачал Алегри како наследник на Тухел.

Румениге веднаш закажал средба со агентот на Алегри, Џовани Бранкини, на која ќе разговара за можноста италијанскиот стратег да седне на клупата на Баерн.

- Оглас -

Најнови вести