Незадоволството од малите пензии наспроти високите цени владееше меѓу купувачите на пазарот во село Облешево

Краставици, зелка, јаболка, денес меѓу најбараните производи на пазарот во село Облешево. Мали пензии, високи цени е ставот кои што многумина од купувачите едногласно го кажаа. Па и заради таа цел и излезноста на пазарот не е според очекувањата.

„Има луѓе ама слабо се купува. Не, и за жита, чим нема дожд нема и бериќет да има ништо. Највеќе се купува основни работи, ете гравче, ориз, јаболки, краставици, зелка сеа моментално. Исти се цените нема разлика да се нешто покачени, иста е цената.”

„Нема ништо ефтино се е скапо, пензии мали и не можеш да си купеш и да сакаш. Па има некои поскапи некои иста цена. Е шо да купеме лимонче така да се раскараме, иначе патлиџан такво не можеме да купеме по 50 денара скапо, не можеме да купеме.“

И во вкави времиња кога пензиите се мали дел од купувачите успеваат да одделат и некој денар плус за апчиња.

„Шо да кажеме се е скапо, те сега идеме викам фрижидер празен, нема пари мала пензија, со една пензиичка шо ќе купеш, нема ништо да се купе викам. Шо се купува, апчиња, апчиња купуваме, за нив чуваме по некој динар, онака нема не можеш да искочеш на крај ногу е скапо, превише.

„Пет корена патлиџани, и две кила краставици. Како да кажам не сме задоволни, ама сака да се јаде. 150 денара патлиџано, а ќе дојдат три патлиџана и како да земеш и не можеш да земеш”

И покрај ситуацијата, во иднина се очекува дека ќе нема драстично зголемување на цените во однос на сегашните.

Лаура Стојанова М-нет